Непознат идентитетот на давеникот чие тело беше пронајдено утрово
Непознат идентитетот на лицето чие безживотно тело утрово беше извлечено од водите на езерото.

Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри.
Се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес. На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а во текот на денов ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.
Екипи на СВР Охрид интензивно работат на утврдување на идентитетот на удавеното лице. Се молат граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192.
Latest Охрид
