Skip to main content

Непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет

Неправилности во објект за одгледување канабис

Полицијата откри низа неправилности во објект за одгледување канабис за медицински цели, во сопственост на правно лице од Охрид.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

На 03.08.2022, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид.

За време на контролата на документацијата и производите од канабис било констатирано дека во правниот субјект фигурира непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција. Наркотичната дрога е одземена и со наредба од надлежен Јавен обвинител ќе биде предадена на вештачење, а по комплетирање на случајот, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.