Skip to main content

Нептун донираше климатизери за охридската градинка и училишта

Нептун  донираше климатизери за охридската градинка и училишта.

 |  Валентина Неловска  | 
klimatizeri
klimatizeri

Четири климатизери донираше Нептун, еден од најголемите ланци на продавници за електроника во земјава. Донациите се наменти за детската градинка Јасна Ристеска и за трите основни учулишта, Григор Прличев, Климент Охродски и Христо Узунов. Нептун и прозиводителот на бела техника Беко донираат во повќе општини во земјава меѓу кои и во Охрид, информира Никола Крстаноски, раководител на Нептун.

„ Донираме климатизери од марката Беко, еколошки, едни од најдобрите на пазрот. Во иднина што ќе има потреба тоа ќе донираме“.

Роза Костоска , директорката на детската градинка е задоволна од донацијата. Нагласува дека оваа донација е  една од многуте со кои им помогнале општествено одговорни компании.
donacija
„ Ова е една од најдрагите. Во зима е мошне ладно. Колку и да има парно, занималните се високи и доста ладно. Колку и да има парно и што да правиме е малку. Ќе ја ставаме како дополнително греење, како ресурс кој ќе ни помогне во парното. Веќе знаеме каде ќе ја ставиме во моментов, тоа ќе биде во првата занимална во централната градинка каде што имаме најмали дечиња“
 
Од името на Локалната самоупрва на компанијата Нептун и се заблагодари секретарот Димитар Спасески. До општествено одговорните компани и поединции упатува повик да го следат примерот на компанијата Нептун.  

„ Нека бидат поттикнати и други општествено одговорни компании кои ќе дадат свој придонес во реализација  на цели од заеднички интерес.“

Од Локалната самоуправа упатија благодарност и до  минатогодишниот кум на Водици, Стојан Ѓорески и компанијата „Зора“  која донираше комплетна ПВЦ дограма за реновирање на еден од клоновите на  охридската детска градинка.

{loadposition content9}