Skip to main content

Индиферентни институции

Нерешени комунални проблеми

При секој поголем дожд граѓаните на Охрид се соочуват со непроодни улици и мини езера. Додека надлежните служби креваат раменици на граѓаните не им преостанува ништо друго освен да се жалат и сами да ги санираат штетите од поплавите.
 |  инфодеск  | 
Кленоец вода поплава

На инфраструктурни проблеми на улицата „Кленоец“ пред Касарната се жалат граѓаните во рамки на рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.
Испраќајки ни ги сликите граѓните револтирано коментираат:

„Кога врне дожд целата улица е преполна со вода, шахтите се излеваат и сите фекалии завршуваат на улицата. Повеќепати се имаме обратено до надлежните, но никој не превзема ништо и проблемот се уште не е решен. Проблемот постои со години наназад и секогаш кога врне имаме поплави, езера по сите дворови. Се надеваме дека ова ќе допре до надлежните.“ – вели жител на улицата „Кленоец“ за рубриката „Ти си твојот град“.

Кленоец вода поплава

И други сограѓани реагираат дека заради делумно изградената атмосферска канализација, улицата „Кленоец“ претставува собиралиште на целата вода која доаѓа од околните улици, а особено од „15 Корпус“.

Во врска со овој инфраструктурен проблем, ТВМ Телевизија од службите во Општна Охрид побара одговор на прашањата:

  • Дали општината е запознаена со поплаките на граѓанте за овој горлив проблем и зошто не се реагира?
  • Дали навистина постои само делумна канализациска мрежа која не е одвоена од атмосферската во посочениот реон?
  • Дали постои план за решавање на овој проблем?

Но до затворање на дневникот не добивме одговор.

Ваков проблем нема само оваа улица. Граѓаните на улица „Сирма Војвода“ истакнуваат дека нивните домови со години се поплавуваат, куќите се распаѓаат, а никој не презема ништо. Апелираат на обновување на постојната канализациона мрежа.

А како илустрација на состојбата со канализацискиот систем во Охрид сведочат и дополнителните видеа кои ги споделија нашите сограѓани, кои докажуваат дека неопходно е системско решение за овој долгогодишен проблем.