Несоодветни кадри се вработуваат во охридските образовни институции, градоначалникот негира
Несоодветни кадри се вработуваат во охридските образовни институции, градоначалникот негира.
Во три охридски училишта вработени се несоодветни стручни кадри, обвинува советничката од СДСМ Жаклина Лазреска. Посочи дека се вработени секретар во ОУ Григор Прличев со несоодветно завршено високо образование наместо со 300 со 180 кредити, во ОУ Ванчо Николески во Лескоец, дипломиран криминилог наместо библиотекар, партиски кадар на Вмро Дпмне и информатичар во средното екомоско училиште со 180 кредити наместо 240. Лазареска упати прашање до градоначалникот Никола Бакрачески кој ќе сноси одговорности за тие неправилности кои се прават во образованиот систем во охридските училишта.
„ Дали Вие ќе ја преземете одговорноста или ќе ги пуштите директорите низ вода да одговараат ако некој од претендентите за вработување тужат по основ на вработување кои не ги исполнуваат условите за вработување во училиштата“, праша Лазареска.
Градоначалникот Бакрачески ги демантираше ваквите обвинувања , како неосовнани.
„ Поставувањето, ангажирањето и вработувањето на кое било лице во рамките на обарзовниот сиситем во сите основи и средни училишта се вршат во согласност со постоечките законски прописи и ситематизација на работните места“, тврди Бакрачески.
Градоначалникот ги повика и директорите на посочените училишта да ги кажат своите ставови во однос на обвинувањата упатени на адреса на трите училишта.
„ Лицето кое го псоменувате не евработено туку е ангажирано заради замена на библиотекаорт кој добил решенеи за нелатено одсуство. Дојдо конигите и моравме д аги завршиме тие должности по хитност ана постапките .Лицето има високо образование и положен државен испит“, уверува Жаклина Трипунова дир. ОУ Ванчо Николески Трипуноска за состојбата со посочената неправилност при вработувањето на библиотекар во нивното училиште.
„Во 2015 /16 година од 1 септември до 30 ноември ангажиравме со договор на дело на неопределно време со согласност на Локалната самопурава . На 1 декември беше примено на определно време со конкурс имаше 180 кредити, но одговорно тврдам дека од 2016 има диплома со 240 кредити и дадовме мислење да полага стручен испит. Се е во ред ги консултиравме Министерствот з аобразование и наука и Локлната самоуправа и немаше пријавени други кандидати за да ги ангажираме минатата година“, уверува и Славица Костоска, дирекпотр на СОУ „Св Кирил и Методи“.
Директорката н ОУ Гриугор Прличев, Силвија Мојсоска исто така ги отфрла обвинувањата и тврди дека применото лице на работното место секретар го има соодветното образование со доволен број на кредити.