hdr
Претпладне во Македонија сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура до 11степени, а максималната ќе се искачи до 23 степени.
Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.