Нестабилно време и температура до 27 степени во Охрид
Времето денеска во Охрид променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
| | Охрид
Времето денеска во Охрид променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени. Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи – информираат од УХМР.