Skip to main content

УХМР

Нестабилно време во Охрид: дожд, силен ветер и снег на повисоките места

Денес во Охрид температурите ќе бидат од 7 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Денес во Охрид температурите ќе бидат од 7 до 12 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.