Skip to main content

УХМР

Нестабилно со врнежи од дожд и максимална температура до 22 степени

До 20 часот синоќа во Охрид наврнаа 24 l/m2 воден талог. Врнежи се најавуваат и во следните денови.
 |  инфодеск  | 
hdr

Во Македонија денеска времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Охрид претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи на 22 степени целзиусови.

Во изминатите 12 часа до 20 часот синоќа во Охрид наврнаа 24 l/m2 воден талог.

Времето во следните денови: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.