Невработените кои не се пререгистрирале избришани од ФЗОМ
Заврши пререгистрацијата на невработените кои се носители на право на бесплатна здравствена заштита.
Од вкупно 5370 невработени корисници на бесплатна здравствена заштита, до 31март годинава до кога беше и последниот рок за пререгистрација, оваа обврска ја завршиле 3300 корисници.
Како што изјави раководителот на Подрачната единица на ФЗОМ од Охрид, Славе Крстаноски пререгистрација извршиле 61 % од корисниците, што е добар процент во споредба со оној од републичко ниво кој изнесува 56%.
Крстаноски нагласи дека 2070 невработени корисници останале без бесплатното здравствено осигурување и истите на 2 април биле одјавени од системот.
Сега тие ќе треба повторно да ја подготвуваат целата документација за стекнување на правото на здравствена заштита од Министерството за здравство.
{loadposition content9}