Невработените ќе се пререгистраат
Околу 30-тина лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување.
Околу 30-тина лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема.
До 1 декември во Центарот за вработување може да аплицираат невработени лица за поддршка при вработување како почетници практиканти, обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени лица. Центарот за вработување неколку години спроведува активни мерки за вработување и прави мониторинг колку лицата понатака се успешни во работата, напоменува Јован Баткоски, директор на Центар за вработување
„ Можам да кажам, дека во најголем број од овие ангажмани лицата кои користеле мерки за самовработување или од другите активни мерки и политики, постои успех и ги даваат очекуваните резултати“.
Во моментов во општина Охрид на евиденцијата во Центарот за вработување без работа се водат 8 200 лица. Но, при посредувањето во вработувањето од Центарот и понатака се соочуваат со добро познатиот дисбаланс на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, вели Баткоски.
„ Постои јаз помеѓу сферата на образованието и потребите на економијата и работодавачите. Потребно е да работи на надминување на тој јаз со кој се соочуваат и остантите земји од нашето опкружување“, кажува Баткоски.
Од Центарот за вработување од декември најавуваат примена на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Со измените ќе има пререгистрирање на невработените лица кои при тоа ќе треба да се изјаснат дали активно бараат работа или не.
{loadposition content9}