Skip to main content

Невреме во Љубаништа, во прекин сообраќајот на патот Охрид – Св Наум

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа
 |  инфодеск  | 
невреме Љубаништа

Големо невреме го зафати Љубаништа попладнево со обилни врнежи од дожд и град. Мештаните споделуваат фотографии и видеа на кои се гледа интензитетот на невремето.

Поради лизгање на земјиштето предизвикано од буица вода, проблеми настанаа на патниот правец Охрид- Св Наум.

„Од 19:15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин.“ – информираа од АМСМ.

Извор видео Фејсбук – Ромео Ристески