Охрид подготвен за „Давид“
Нема реална опасност од поплави во охридскиот регион поради најавеното невреме што треба да не зафати за време на викендов, велат од ЦУК. Сепак надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици. И локалната е подготвена и навремено превзела повеќе превентивни мерки.
„Давид“ пристигна во Македонија. Според информациите од УХМР, овој циклон ќе донесе нов бран на врнежи кои се очекува да започнат денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици. Според информациите за хидолошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат. Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.
Јас сметам дека во нашиов регион нема да дојде до некои поголеми последици, но секогаш треба да се земе во предвид дека има опасност од одредени ризици. Ние сме подготвени да се справиме со последиците доколку дојде до излевање на водите и сме во постојана координација со СВР и Локалната, вели раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски.
Темелкоски додаде дека во моментов водостојот на речните корита во општинава е доста низок па нема реална опасност од нивно излевање. Котата на езерото е 693,25 метри што е за 50 сантиметри пониско од максимално дозволената кота па и тука можноста за излевање е многу мала.
Од локалната велат дека и екипите на Општина Охрид се подготвени да се справат со последиците од невремето кое се најавува.
Кризниот штаб предводен од градоначалникот Никола Бакрачески е во постојано заседание. Во него има преставници од ЦУК, МВР раководители на служби и јавни претпријатија кои се вклучени непосредно во справување со евентуални непогоди. Доказ дека многу сериозно ја сфативме работата е и тоа што неодамна беа исчистени каналите и речните корита низ градов со што се намалува можноста за нивно излевање, вели портпаролот на локалната, Томе Џамтоски.
Џамтоски кажува дека деновиве биле превземени и активности за чистење и миење на цевководите и канализационите одводи на повеќе улици во градов со што се намалува можноста за нивно излевање.Од ЦУК апелират граѓаните на кои им е потребна помош поради евентуалните влошени временски услови да се јават на бесплатниот дежурен телефон 195.
{loadposition content9}