Невропсихијатрија кубури со простор и кадри
Пациентката Билјана Туфеска технички и уредно била примена од страна на докторот на невро психијатриското одделение. Неа годинава на 26 ти јануари ја примил и прегледал доктор, тврди првиот човек на Општа болница Охрид Љубен Арнаудов.
ЈЗУ Општа болница Охрид денес излезе со официјален став во врска со обвинувањата на роднините на 44 годишната Билјана Туфеска дека истата пред два дена почина поради лекарска негрижа. Според директорот на болницата Љубен Арнаудов, тие досега не добиле преставка од блиските на починатата дека имаат некаква забелешка на работата на невро психијатриското одделение. Но сепак Арнаудов вели дека ја ангажирале Комисијата за внатрешна контрола на болницата за да го испита случајот и врз основа на тоа го заклучиле следново.
„Технички се е уредно направено и нема пропуст. Пациентката кај докторката е јавена на 26 јануар ја има прегледано, поставено дијагноза и дадена терапија за дома. Запишано е во дневникот и ставено е во компјутерот така да тука се исклучени сите шанси за манипулација. Во стручниот дел од работењето не сум компетентен пошто не сум во таа струка а и докторката е со долгогодишен стаж, барана докторка“ -изјави Арнаудов.
Како што е веќе добро познато охридското невро психијатриското одделение е регионално, работи со полн капацитет, а премало е да одговори на потребите на сите пациенти кои доаѓаат од 7 градови. Тоа го признава и првиот човек на болницата Арнаудов, кој обелоденува дека веќе во болницата се изведуваат градежни зафати за проширување.
„Имаме градежни зафати за реновирање на санитарните чворови и мало проширување. Значи неколку соби од јужниот дел кој што се предвидни за пациенти, кој што ги користи моментално персоналот за делење терапија, за ординирање на докторите тие простории ќе се префрлат во тој реновиран дел на северната страна овие соби ќе бидат болнички соби така да ќе добиеме уште три соби и една дневна болница но сепак нема да го реши проблемот бидејќи има многу голем обем на работа“– вели Арнаудов.
Но како на ниво на Општата болница така и на невро психијатриското одделение останува горливиот проблем од недостаток на кадар, вели Арнаудов. Негов личен став е дека во Министерството за здравство треба да се размислува, во секој град од каде доаѓаат пациенти во Охрид, да се развиваат невропсихијатриските одделенија, како би се растеретила работата во охридското одделение.
{loadposition content9}