Skip to main content

Незаборавен концерт на музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“ за учесниците на Глобалниот инвестициски самит

Основното музичко училиште „Методи Патче“ претставува вистинска ризница на таленти.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ivona Bazgaloska
Ивона Базгалоска

Основното музичко училиште „Методи Патче“ претставува вистинска ризница на таленти. Тоа уште еднаш се потврди синоќа, со прекрасните изведби на учениците Ивона Базгалоска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, во чијашто музика уживаа посетителите на хуманитарниот концерт по класична музика во црквата Св.Софија, кој беше дел од свечените активности во рамките на Глобалниот инвестициски самит.

Ivona BazgaloskaМладите охридски музичари,  Ивона Базгалоска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, уште една докажаа дека ОМУ „Методи Патче“ од нашиот град е вистинска ризница на млади таленти. Тие синоќа на сите посетители на концерот по класична музика кој се одржа во црквата Св. Софија, а кој беше дел од свечените активности во рамките на Глобалниот инвестициски самит, им пружија едно насвстина убаво музичко доживување. Базгалоска и Мојсоски се само еден мал дел од 330-те музички таленти од ова училиште, а синоќа покрај за присутните на концертот, тие свиреа и за своите соученици, за своето училиште. Зошто средставата собрани од синоќениот хуманитарен концерт ќе бидат икористени токму заразвојот на оваа образовна институвција, за овие таленти, истакна директорката на училиштето, Нина Момироска.

„Посебно ми е драго што средставата кои вечерва ќе бидат собрани, ќе бидат донирани во вистински раце, за нашите најмлади музички таленти. Охрид е познат како центар на многу надарени музички таленти.Како што сите вие вложувате во вашите нови вработени за да бидете на врвото на пирамидата на најдобрите и ние вложуваме во нашите музчки таленти. Се надеваме дека тоа еден ден ќе ни се исплати и ќе се гордееме со тие ѕвезди коишто ќе стигнат многу далеку“ истакна директорката Момироска.

Градоначалникот Никола Бакрачески кој беше почесен говорник на отворањето на Класичниот хуманитарен концерт истакна дека овој концерт е убав начин за учесниците на самитот да бидат запознаени со културното наследство на Македонија и музичките таленти со кои Охрид и тоа како изобилува.

Daniel Mojsoski„Охрид всушност претставува еден космополитски град отворен кон светот и кон предизвиците коишто ги носи денешницата.Убеден сум дека духовната креативност и неисцрпното творештво на македонските уметници кои денес се препознаени како една уникатна вредност на цивилизациите.Вечерашниов концерт ќе биде една потврда на музичкиот талент и виоскиот рејтинг на нашите музичари на светската музичка сцена и ќе ни пружи нескриено задоволство“, потенцира Бакрачески.

Инаку само за информација минатогодишниот глобален инвестициски самит забележа голем успех за зголемување на видливоста на Македонија како дестинација за странски инвестиции. Настанот беше домаќин на повеќе од 350 домашни и странски бизнисмени о високи претставници, кои развија цврста платформа за понатамошна бизнис соработка.

{loadposition content9}