Независна аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид го прослави својот осми роденден
Пред 8 години, на 26ти април премиерно беше изведена „Сите мои синови“ од Артур Милер во охридската гимназија, од страна на 5 средношколци: Томе Укоски, Леа Новеска, Катерина Петреска, Јован Цветкоски и Никола Србиноски. Претставата беше поставена по самостојно адаптирано сценарио и сопствена режија, со поддршка од своите родители, пријатели и професори.
Ентузијазмот, желбата и едноставно љубовта кон театарот и уметноста, другарувањето, од една обична идеја направија да се роди нешто посебно. Пред 8 години, на 26ти април премиерно беше изведена „Сите мои синови“ од Артур Милер во охридската гимназија, „Св. Климент Охридски“ од страна на 5 средношколци: Томе Укоски, Леа Новеска, Катерина Петреска, Јован Цветкоски и Никола Србиноски. Поставувањето на оваа претстава доби и една света нишка на која секогаш благодарно и во најдобро светло ќе се сеќаваме, вели Јован Цветкоски. Сите тие желби, љубов, емоции, првично несвесно ја составија оваа Независна Аматерска Театарска Група, а потоа и свесно, со голема гордост и цели.
„Сакавме да правиме нештопосебно секако со подршка од профсерите од гимназија но во наша сопствена режија да го направиме онака како ние што сакаме, на некој начин да видиме што можеме да направиме. Ја одбравме таа претстава „Сите мои синови“ ја адаптиравме, ни требаше уште еден актер и бидејќи претходно сме сораотувале, го прашавме Никола Србиновски дали може, и ја спремивме таа претсава, што беше за нас еден уникатен процес, прв од тој тип за нас бидејќи самите гледавме колку можеме да бидеме одговорни, и се тоа наше големо задоволство испадна многу добро# veli Јован Цветкоски – НАТГ „Аматер“.
Театарската група и покрај толку години, поминаа толку различни ентузијасти, екипи, театарџии, артисти, волонтери, соработки, идеи, сништа, промени, но никогаш во тој процес групата не ја загубила својата цел, идеја и идентитет, а знаеме и како да ја чуваме и никогаш да не ја изгубиме насоката која нè означува, вели Цветкоски. Се надеваат дека кризата со корона вирусот ќе помине, дека публиката ќе се врати во театарот, а тие секако се подготвуваат за тој момент. Продолжуваат со подготовки за нови проекти, подкасти, премиери нови изданија на „Културолошка иницијатива“.
„Наредно е идејата да се спреми една претстава, нема многу да откривам, претсава со четири лика, претстава која може дасе игра на повеќе локации, баравме такво нешто да спремиме, немада ја брзаме бидејќи имаме време , може тоа добро да се направи. А нешто најново од нас е третото изание на „Културолошка иницијатива 5 до12“ и се надеваме дека може да надоплониме нешто повеќе од оние претходни изданија , како летното кино, активностите на скејт паркот и сите оние настани кои значат за младите и за урбаната култура, така што тоа ни е приоритетот# obasjnuva Јован Цветкоски – НАТГ „Аматер“.
Во име на аматеризмот, ви се поклонуваме до земја на сите што на некој начин сте биле дел од оваа приказна, родители, пријатели, професори, актерска екипа, техника, публика, помагатели, секаква поддршка. Аплаузот е за вас, им порачува Цветкоски во името на „Аматер“ на сите оние кои во овие изминати осум години биле нивни верни следбеници.