Skip to main content

Media for all

Независното новинарство е важно

Како репрезентативен, респектабилен и професионален медиум, ТВМ беше единствен медиум од регионов, кој беше дел од оваа конференција, а се претстави со проектот „Ти си твојот град“.
 |  инфодеск  | 
Media for all

Регионалната конференција „Независното новинарство е важно“, во организација на проектот „Media for All“, се одржа на 9-ти и 10-ти март во Тирана. 

Како репрезентативен, респектабилен и професионален медиум, ТВМ беше единствен медиум од регионов, кој беше дел од оваа конференција, а се претстави со проектот „Ти си твојот град“. Овој проект, препознаен на социјалните медиуми под #тиситвојотград, одлично беше прифатен во охридско-струшкиот регион и беше показател за добра соработка помеѓу граѓаните и медиумите. Го слушнавме гласот на граѓаните, но истовремено, ние бевме нивниот глас во заедницата.

Media for all

На конференцијата во Тирана учествуваа повеќе од 100 новинари, уредници, меѓународни и регионални експерти и претставници, кои преку разни интерактивни сесии, дискусии и панел-дискусии прикажаа приказни и перспективи на жените и младите во медиумите од Западен Балкан. Покрај интегритетот, веродостојноста и заштитата на човековите права, беше истакнато дека солидарноста, соработката и емпатијата се од суштинско значење за подобрување на статусот на жените и младите во редакциите и пошироко.

Конференцијата претставуваше и можност да се истакнат важноста и достигнувањата на медиумите учесници, сериозно посветени на постојано практикување на етичкото новинарство во најдобар интерес на нивните заедници, и покрај предизвиците со кои секојдневно се соочуваат како мали локални медиуми.

Media for all

Проектот „Media for All“овозможи поддршка за 139 локални медиуми ширум Западен Балкан во период од три години. Помогна да се изградат вештини, капацитети и издржливост на независните медиуми и оснажи повеќе од 1600 професионалци од медиумите да произведуваат квалитетни, релевантни и родово-сензитивни содржини,што вклучуваат нова и недоволно застапена публика, вклучително жени, млади луѓе и маргинализирани групи – тие заедно достигнаа публика од 17 милиони луѓе на интернет.

Програмата „Media for All“ ја финансираше Владата на Обединетото Кралство, а ја спроведе конзорциум воден од Британски совет, во партнерство со Фондацијата „Томсон“, БИРН и ИНТРАК.