Утрото ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, велат од УХМР.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 11 степени Целзиусови.
До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок особено од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.