Претпладне студено со појава на слаба магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, наместа умерен ветер од јужен правец.
Денес во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 10 степени Целзиусови.
Утре во вечерните часови во западните и јужните делови ќе има слаб локален дожд. Потоа во следните два дена ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Од петок попладне, под влијание на циклонска активност, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.