Skip to main content

„Ние припаѓаме тука“-убавините на прекуграничните региони заробени на фотографии

Изложба на фотографии од прекуграничните региони на Македонија и Грција, во центарот за култура „Григор Прличев“.

 |  Мишел Наумоски  | 
fotografii
фотографии

Отворена изложбата на фотографии „Ние припаѓаме тука“. Денес во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“ беа претставени 160 фотографии од автори од Македонија и Грција, а како дел од проектот за прекугранична соработка помеѓу двете земји.

izlozba fotografiiОваа изложба воедно има и натпреварувачки карактер.

„Аматери, професионални фотографи беа поканети да испратат фотографии од прекуграничните области од нашата програма. Тоа се четири во Република Македонија, југоисточниот, вардарскиот, пелагонискиот и југозападниот плански регион. Преку 160 фотографии, избрани се најдобрите фотографии, со мотиви од прекуграничните региони.“-рече Жупан Мартиновски од Заедничкиот технички секретаријат во Солун.

Две од трите најдобри фотографии припаѓаат на авторите од Република Грција, првонаградениот Кицос Трифон  и третонаградениот Батанцис Џианис, додека второнаградената фотографија е од македонскиот автор Игор Јанковски.

fotografii prekugranicni regioniЖирито задолжено за избор на најдобрите фотографии е составено од членови од двете земји. А еве каква тематика обработуваат фотографиите.

„Темата е конкретна, врзана со луѓето, со природните убавини од прекуграничните области. Може да забележите фотографии, има доста слики со мотиви од езерата со кои изобилуваат овие прекугранични региони. Исто имаме фотографии кои што го даваат културното, историското наследство кое што го имаме во прекуграничните области, имаме и некои уметнички фотографии од неколку учесници кои учествуваат. Фактички се отсликува животот и богатството на овие прекугранични региони.“-вели Мартиновски.

Инаку денешната изложба се организира по повод Денот на европската територијална соработка“, а во организација на заедничкиот технички секретаријат во Солун. Изложбата ќе биде поставена од денес па се до 14ти Октомври, а по завршувањето ќе биде префрлена во Скопје.

{loadposition content9}