Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец

Никако да се искоренат лошите навики за создавање мини депонии

Oд ЈП Охридски Комуналец апелираат граѓаните да ги почитуваат акциите за подигнување кабаст и зелен отпад согласно годишниот календар за 2024 година.
 |  инфодеск  | 

Никако да се искоренат лошите навики од создавање мини-депонии во секоја урбана заедница, велат од ЈП Охридски Комуналец. Од претпријатието посочуваат дека изминатиов период, нивните служби се соочувале со горлив проблем на ул.Аџи Мустафа, каде континуирано секојдневно се создава нова мини-депонија.

– И покрај сите наши акции и заложби за чист град, деструктивниот однос на поединци остава последици на секој чекор‼️ Денес се интервенира на одредена црна точка, се подигнува несоодветно депонираниот расфрлан отпад, а веќе следниот ден, како да сме должни да ја гледаме истата слика од истата локација, велат од ЈП Охридски Комуналец.


Оттаму апелираат да се почитува динамиката на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад согласно годишниот календар за 2024 година, а за сите информации околу депонирање на отпадот граѓаните да се јават на дежурниот телефон 📞 075 495 428