Никола Љушкоски три години живее без електрична енергија
Никола Љушкоски три години живее без електрична енергија.
Никола Љушкоски три години живее во селото Куратица без струја. Тој по 50 години живот во Сан Франциско, САД решил пензионерките денови да ги помине во родното место. Куќата почнал да ја гради во 2008 година , а сега во неа живее три години и не може да добие приклучок на струја. Живее на светло од свеќи, без фрижидер и телевизор. Вели дека на негова возраст живечката без електрична енергија е тешка. Љушкоски во меѓувреме поставил соларна енерија, користи и плин, набавил и агрегат ама сето тоа не доволно, струја си е струја, вели тој. Најтешко му е во овие зимски денови кога денот е краток а ноќта долга, што не може да гледа телевизија или да си пушти радио.
„ На некој начин е понижуавање во ова време да немаш струја. На овие години јас имам 70 не е сеедно не можам да употребувам апарати за готвење, за сечење дрва, па зедов агрегат.“
Според Љушкоси главна пречка за тоа што не може да добие приклучок за струја е непоседувањето елаборат за легалзиација на објектот. Документот е поднесен, но општина Охрид нема изработен детален урбанистички план за руралните места меѓу кои е и Куратица.
„Во Евн велат додека не земам документ од општината и не подадам елаборат нема да ми дадат струја. ЕВН не ја интересира. Од општината имам документ дека не треба елаборат, Курајца нема урбанистичко решение и слободно може да ти дадат струја. Јас појдов во ЕВН мора да има лична карта и имотен лист , бараат елаборат кога ќе се заврши тогаш ќе добиеш.“
Портапоролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека според законот за енергетика треба да постои урбанистички план за да може да се постави енергетска инфраструктура. Но компанијата и во случаите каде што нема урбанзиација им излегувала во престрет на граѓаните кои побарале приклучок на струја. Постојат стандардни и нестандардни приклучоци, појаснува Ковачески.
„ Ако не е стандарден приклучокот ќе се направи елаборат и ќе се достави до корисникот со цена која зависи од параметрите на терен.Вообичаено цената е повисока од стандардната затоа што таму се решени инфраструктурните проблеми и нема додатни трошоци. Секаде каде што нема урбанистички планови има дополнителни трошоци кои паѓаат на терет на корисникот.“
Изготвувањето на урбанистичката планска документација за руралните места, општина Охрид ја ставила во програмата за 2014 година, но многу тешко дека и ќе ја реализира. Изработката се усложнува и со последните измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање. Се што е надвор од ГУП за град Охрид ќе претрпи измени и правилниците треба се усогласат, објаснува општинскиот портпарол Томе Џамтоски. Населбите до Свети Стефан влегуваат во ГУП и за нив ќе се изготви ДУП, другите рурални населби ќе почекаат поволно време.
„ Се разбира дека и другите рурални средини се влезени во програмата. Но мора да потсетам дека изготвувањето на урбанистичките планови е обемна работа. Од 2010 година ги имаме катастарските подлоги и низа други активности и претпоставуавме дека не ќе можеме да излеземе во оваа година да изготвиме урбанистичка планска документација за сите урбани средини.“
Никола Љушкоски од село Куратица во неизвесност уште колку долго ќе мора за осветлување во својот дом да ги користи свеќите и кога ќе се усогласат законските и бирократските пречки за неговиот проблем.
{loadposition content9}