Skip to main content

Николоски: Од Скопје до Охрид за час и половина

Министерот за транспорт, Николоски најави дека започнува совладувањето на најтешкиот дел од Коридорот 8. Вице премиерот Николоски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицскоски, потпретседателот Изет Меџити, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денеска извршија обиколка на градежните активности за изгрaдба на автопатот Гостивар-Букојчани.
 |  инфодеск  | 

После 50 години најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.

“Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, коридорот 8 познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и двесет минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирање на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите. “- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека конечно може да се види дека се работи на Коридорот 8 и истакна дека Македонија сака да ја види како главна крстосница во регионот.

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност – рече  Мицкоски.

Автопатиштата од коридорите 8 и 10д кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ се во должина од 110 километри и чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат завршени за 4 години. Предвидена е изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) на Коридорит 8 и делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.