Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
И утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.
Денес минималните температури во Охрид ќе бидат од -4, а максималните до 4 степени Целзиусови.