При обид за санирање на дефект на канализациона линија на ул. „7-ми ноември“ екипи на ЈП „Нискоградба“ утврдија неправилно приклучување на објект во мрежата за одведување на отпадни води.
Од јавното претпријатие велат дека веднаш било пристапено кон градежна активност преприклучување на канализационата линија со изведба на ревизиона шахта, а при ископот е изваден отпад кој е неразградлив и претставува опасност за појава на дефект на канализационата мрежа.
Во повеќе наврати како ЈП сме апелирале за правилно депонирање на отпадот кој се испушта во системот за одведување на отпадни и атмосферски води. Неправилно депонирање води кон појава на дефекти на канализационата мрежа со што директно се загрозува здравјето на луѓето, а исто така и животната средина – додаваат од ЈП „Нискоградба“.