Skip to main content

Охриѓани не се дел од владиниот проект за вработување на постари лица

Владиниот проект за вработување на нискоквалификувани и постари лица не помина во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
agencija za vrabotuvanje
агенција за вработување

Нашата општина е меѓу општините Врапчиште, Куманово, Липково, Ново Село, Ранковче, Чучер Сандево и Центар Жупа или меѓу општините кои не аплицираа за владиниот проект.   
Според овој проект во Општина Охрид  првично требаше да се вработат 43 лица, број кој е определен според agencija za vrabotuvanjeбројот на жители на Охрид и плус дополнителни 5 лица, број кој ЗЕЛС го дефинирал за сите општнини, и овие лица во рок од шест месеци требаше да земаат по 7600 денари директно од владата.  Од Агенцијата за вработување информираат дека општините кои се дел од проектот и се финансиски моќни, имале обврска дополнително да ангажираат одреден број на лица кои би биле дел од овој проект. Бројката за Охрид наложена од  ЗЕЛС  била 40 лица, што значи дека  88  лица требаше да бидат вработени по основ на овој проект во рок  од шест месеци.   

„Огласот за јавни работи на агенцијата за вработување за локалните самоуправи беше објавен во три јавни гласила од кои еден на јазикот на националностите и во два јавни весника на македонски јазик и траеше 15 дена. По завршување на огласот наредниот ден беше свикан управниот одбор на проектот и беше констатирано колку од општините имаат поднесено пријави за ангажирање на лица со проекти и беше утврдено дека 11 општини немаат доставено пријави за проектот за јавни работи со што беше интервенирано од страна на ЗЕЛС за тие општини па во наредните три дена им беше овозможено да достават проекти и повторно да се вклучат во проектот. Охрид е една од општините кои и по овој рок не поднесоа пријава“, истакна Влатко Попоски, директор на агенцијата за вработување.

Директорот на агенцијата не информираше дека преку овој проект во државава ангажирани се ни помалку ни повеќе, туку точно 1780 лица, кои извршувајќи јавни работи, во рок од шест месеци земаат околу 7600 денари, од која сума треба да го платат персоналниот данок и осигурување во случај на повреда при работа и професионално заболување.

 Од локалната самоуправа велат дека не дека не сакале да им помогнат на своите сограѓани, туку дека agencija za vrabotuvanjeапликацијата за проектот во локалната стигнала по електронски пат само два дена пред истекот на рокот за пријавување. Портпаролот на локалната Симон Илиевски додава дека овој рок им бил краток за да ја подготват потребната документација. Тој признава дека по истекот на Рокот ЗЕЛС им дал уште еден ден за да докомплетираат документацијата, но според него ни овој рок не бил доволен за да се прибере севкупната документација за владиниот проект.
ТВМ малку подлабоко раскопа и успеа да дојде до податок дека заклучно со 31.08. 2012 год. во бирото за вработување во општина Охрид регистрирани се 8110 невработени лица, од кои од 45 до 49 год. се 651 лице, од 50 – 54 год. 809, од 55 до 59  1058 лица и над 60 години се 927 лица.

Според оваа статистика повеќе од очигледно е дека од 1985  лица од Охрид, 90 тина можеа барем половина година  да работат.   
Општина Охрид не ја искористи можноста некои охриѓани барем на шест месеци да заработат, но затоа пак општина Дебарца токму преку овој проект колку толку им ги реши финансиските проблеми на 9 жители на оваа општина кои веќе  работат.
Владата за овој проект има обезбедено еден милион евра, а исплатата на средствата за ангажираните лица ќе ја врши преку општината која ги има ангажирано работниците.         

{loadposition content9}