Skip to main content

Нисплатените субвенции закана за ин каминг туризмот

Доведено во прашање носењето на странски гости во земјава.

 |  Валентина Неловска  | 
плаза
плаза

Доведено во прашање носењето на странски гости во земјава.

Причина да се откажуваат договорите за склучување нови аранжмани на странските пазари се неисплатените субвениции на  голем број туристички агенции кои се ориентирале кон ин каминиг туризмот. Исплатата на субвенциите на туристичките агенции доцни скоро една година, вака се жалат сопствениците на агенциите кои имаат побраувања по овој основ, а  не сакаат јавно да зборуваат за овој сериозен проблем. Кратко коментираат дека се разочарани од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот која од септември 2011 година располага со парите за исплаќање на  субвенциите. При обидот да дознаеме колку пари треба да се исплатат на туристичките агениции и каде лежи проблемот со неисплаќањето наидовме на меѓусебно обвинување на релација Агенција и ресорно министерство.    
 
Јордан ТрајковДиректорот на Агенцијата Јордан Трајков во телефонскиот разговор беше крајно скржав  со информациите. Кратко кажа за исплата на субвенциите чекаат налог од Министерството за економија. Парите ќе ги исплателе кога во министерството ќе ги решеле  нивните внатрешни проблеми.

Трајков, пак се пофали дека во 2012 година од 165 пристигнати барања  исплатиле  56 решенија. Не сакаше да каже ни збор колку пари  префрлиле за субвенциите нити колку им должи агенцијата на туристичките агенции.
 
Извори од Министерството за економија, пак не информираа, дека немаат увид во исплатата на субвенциите бидејќи од септември 2011 година со парите располага Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. До септември 2011 на туристичките агенции им исплатиле  300.000 евра или половина од планираниот буџет. За оваа намена лани биле предвидени 48 милиони денари, а  со ребалансот на буџетот им биле скусени 20 милиони денари. Сега, од министерството проблемот го посочуваат во Агенцијата, која не неправила проекција во  нивната Програма за работа.

стар град

Голем број, пак домашни агенции  кажуваат дека се чувствуваат изиграни со субвенциите бидејќи парите ги добиваат странските тур оператори, а тие се чувствуваат како граѓани од втор ред во својата држава. Разочарни се и од тоа што не функционира нивното Здружение и се препуштени сами на себе кој како знае и умее  да се снаоѓа во секторот туризам.

И во овој случај се потврдува, дека патот до информациите од јавен карактер, посебно кога се однесува за финансиите е мошне трнлив.

 

{loadposition content9}