Skip to main content

Нити едно барање за Е-дозвола не стигнало до охридскиот сектор за урбанизам

Нити едно барање за Е-дозвола не стигнало до охридскиот сектор за урбанизам.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid
ohrid

 

Од 1 јуни постапката за издавање на одобренија  за градба е исклучиво по електронски пат. Во секторот за урбанизам во општина Охрид, по месец и половина  од законските измени не пристигнало  нити едно барање. Следствено на тоа општината  нема  издадено одбренија за градби по електронски пат. Сите барања кои не се поднесени по електоронски пат по први јуни се неважечки и ништовни и од секторот постапуваат само по барањата поднесени пред 1 јуни, информира Митко Трпкоски, ИТ администратор во секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој.  На прашањето каде ја лоцираат причината за тоа дека нема нити едно поднесено барање за дозвола за градба од приватните и физичките лица, Трпкоски дециден, општината е технички целосно подготвена за имплементација на електронската постапка за издавање на дозволи. Причините ги гледа  во забраната за градба која трае во Охрид од 1 јули до 31 август и  кај барателите.

„ Можеби не се доволно упатени во постапката, а информирани се зато ашто се водеше кампања на ТВ  дека одобренијата ќе се издаваат исклучиво по електронски пат. На веб страна има посебен линк кој води кон ориентација на апликациите изработени од  Министерството за транспорт и врски и Зелс, до која се поднесуваат барањата по електронски пат“.
 општина
Во системот за E-дозволи се  вклучени сите општински јавни претпријатија, ЕВН и државниот катастар. Трпкоски уверува дека со електронската дозвола постапката за инвеститорите и граѓаните не се усложнува туку се забрзува.

„Напротив со постапката се олеснува за граѓаните оваа процедура. Во секој момент имаат увид  до каде е стигнато барањето и да се одговори во законски определен рок. Во случај ако општината испрати барање до катастар или ЕВН, тие мора да одговорат во рок од 5 дена од применото  барање.  Во случај да не одговорат , молчењет се смета за одобрено ипостапката продолжува понатака“. 

Министерството за транспорт и врски и Зелс креираа апликации со кој може да се поднесуваат барањата за градби по електронски пат. Од Зелс информираат дека во никој случај не е можно да има поднесени барања по електронски пат, а по нив да не се постапи. Извршниот директор на Зелс, Душица Перишиќ информира дека во нивниот тренинг центар поминале над 1000 граѓани, иневститори и архитекти.  Отворени се за соработка со сите правни и физички лица за дополнителни информации околу постапката за издавање на Е-дозволите. Според законските измени  физичките лица, инвеститорите и изработувачите на проекти мора градежната програма да ја авторизираат со свој електронски потпис. Електронскиот потпис може да го набават во две овластени компании, Телеком и Кибс.  


{loadposition content9}