Skip to main content

Низ улиците на Охрид до Пештани продефилираа триесеттина ретки возила

Низ улиците на Охрид до Пештани  продефилираа  триесеттина ретки  возила.

 |  Валентина Неловска  | 
koli

Опел Олимпија од 1952 година со охридски регистарски таблички беше најстарото возило на Ревијaлната изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ Охрид 2015. Дождот кој денес напладне паѓаше во Охрид не ги попречи триесетината сопственци на ретки стари автомобили да се провозат од Охрид до Пештани. Љубителите на раритетните автомобили кои многу внимателно се грижат за своите миленици на четири тркала гордо ги изложија возилата на градскиот кеј. Александар Димушевски организаторот на ревијата на олдтајмери Охрид 2015 цврсто верува дека ова ќе стане традиција во Охрид.

saab
„ Има интересни и убави модели од 50 ,60 и 70-те години  мислам дека ќе е убава традиција за Охрид Ќе придонесе за туризмот , за странските и домашните туристи една разновидност што му недостасуваше на Охрид “, истакна Димушевски.  

Драган Марковиќ од Врање е по втор пат во Охрид и го претставува својот олдтајмер САБ од 1976 година.  Овој пат со него дошле уште тројца негови пријатели сопственици на стари автомобили. Едноставно вели љубител сум на стари автомобили, а својот  миленик го чува и го вози само на вакви ревии. Годинава го преставил својот миленик и во Бугарија,  Белград и Ниш, а во октомври ќе се појави во скопје.


koli„ Автомобилот е САБ луѓето кои знаат за автомобилите знаат за какво возило станува збор. Тaа е исклучително ретка кола и за мене е најдобра кола. Мислам дека ревијата е исклучително добро организирана и им честитам на организаторите“, додава Марковиќ.

На „Ревијата на Олдтајмери Охрид 2015“,  учество зедоа  претставници од Македонија, Србија и Косово. Организаторот Александар Димушевски,  напоменува дека нивна интенција е ревијата во иднина да ја прошират со претставници од Унгарија, Австрија и Словенија. Настанот се одржа во соработка со општина Охрид и под покровителство на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.