Skip to main content

Црвен крст охрид

Низа активности за неделата на срцево-садови заболувања

По одржаното предавање се организираше заедничка прошетка на волонтерите од Клуб на млади и Програмата за грижа на стари лица од Црвен крст Охрид на охридското крајбрежје.
 |  инфодеск  | 
Црвен крст Охрид

Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст на Македонија – Општинска организација Охрид организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.

Вчера во просториите на Црвен крст Охрид се организираше едукативно предавање од страна на лекар специјалист интернист, д-р Соња Стурлакова Димовска за корисниците и волонтерите од Програмата – Грижа за стари лица „Најди време” и пензионерите од Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.

Црвен крст Охрид

На присутните им беше измерен крвен притисок како и шеќер во крвта од страна на волонтери обучени за укажување на прва помош. Присутните имаа можност да добијат совети за одржување на нормални вредности на притисокот како и совети во однос на измерената количина на шеќер во крвта. По одржаното предавање се организираше заедничка прошетка на волонтерите од Клуб на млади и Програмата за грижа на стари лица од Црвен крст Охрид на охридското крајбрежје.

На овој начин, се одбележа Неделата на срцевосадови заболувања и се истакна значењето на превенцијата, водењето здрав живот и намалувањето на смртноста од кардиоваскуларните заболувања – велат од Црвен крст Охрид.