Skip to main content

Санација на урбана опрема

Низа работни активности на ЈП Градски пазар

Санирани се клупите за седење во градскиот парк, а беше извршена и поправка на оштетените реквизити на неколку спортски игралишта.
 |  инфодеск  | 
Санирани клупи

Екипите на ЈП „Градски пазар“ деновиве во неколку наврати реализираа работни активности за санација на урбаната опрема на неколку локации во градот.

Беа санирани клупите за седење во градскиот парк, кои беа оштетени од несовесни граѓани, а беше извршена и поправка на оштетените реквизити на неколку спортски игралишта.

Санирани клупи

Исто така, екипите на претпријатието извршија комплетна санација на заштитната ограда на мостот во село Вапила, со што е овозможено безбедно и непречено движење на локалните жители.