Се нижат успесите на Миланка Новеска
Миланка Новеска годро чекори кон остварување на својот сон.
Желбата на Миланка Новеска по се изгледа за скоро време ќе стане и реалност.
„Секако дека сакам еден ден да станам видна оперска пејачка да направам голема кариера. Тоа е мојот сон, да пеам во голема оперска куќа“, вели Миланка.
Дека желбата навистина ќе и се оствари зборуваат и последните освоени награди. Таа ја овои првата награда во камерно пеење дуети заедно со Мила Јаневска и Милош Спасиќ на пијано, и втора награда во дует со Јаворќе Витанова во пијано придружба на Силјан Пановски, сите уценици во ДМБУЦ „Илија Николоски – Луј“, под менторство на профедор Александра Коцеска и Искра Трпева, во категоријата на ученици родени од 1994-1996 година.
Миланка многу задоволна од тоа како и помина 2012 годината.Таа скромно пред камтара на ТВ М ги наброја нејзините последни успеси по кои ќе ја памети минатата година.
„Задов прва награда на меѓународниот натпревар во Белград, зедов прва меѓународна по камерна музика пеат двајца или тројца ние бевме трио, јас, Мила Јаневска – соло и Милош Спасиќ на клавир не пратеше. Многу сме задоволни со овогодинешните награди“, додава охридската недеж.
Новеска е искрена дека доколку сака да има и понатака вакви успеси треба секодневна работа, пеење и вежбање на дишење преку дијафрагма. „Вежбам и за време на распуспустот“, вели таа. Новеска со задоволство се потсетува на соработката со нејзините перви ментори професорката Милка Ефтимова и Борис Трајанов, луѓето кои го открија нејзиниот талент.
„Многу сум среќна што имам такви личности кои од мала ме подржуваат и стојат зад мене. Сега малку паузирам со настапи затоа што сум во тек на изучување на гласот, па ќе видиме понатаму каде ќе продолжам, со факултетот сеуште незнам“, додава Новеска.
„Ако се организираш има време за се“, искрено вели Миланка. Таа додава дека неможе, а да не им се заблагодари за подршката на нејзините родители кои прават се, сонот на Миланка што поскоро да стане реалност.
Охриѓанаката која сосема лесно, без напрегнување, со чист и отворен глас на грлото уште од девет години пееше арии, гордо и незапирливо нижи меѓународни успеси. Минатата година за само неколку месеци освои три први места на меѓународни натпревари.
{loadposition content9}