Skip to main content

Ноември богат со родендени на роднокрајни автори

Евиденцијата на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ вели дека во ноември се родени: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.

 |  Голабовски Крсте  | 

Евиденцијата на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ вели дека во ноември се родени: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.

Секој од нив со своето творештво оставил и уште остава трајна трага во колективната меморија на  Охрид и нивните современици.

И читателите ако се заинтересираат за нивното творештво може да забележат шаренило од родови и стилско изразување. Поезија, проза, публицистика, стручна литература… Но од секое нивно дело зрачи љубовта кон Охрид и битисувањето во него.

Сите нивни изданија грижливо и љубоморно се чуваат во нашето Роднокрајно одделение и чекаат да бидат одново прочитани од младите генерации читатели – членови на нашата Библиотека.