Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, беше во посета на откупниот центар на фирмата „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ во село Требеништа, каде во моментов се врши откуп на сливи од сортите “чачанска”.
Сопствениците ме информираа дека моментално само тие вршат откуп во општината и дека само во текот на вчерашниот ден се откупени околу 30 тони. Откупната цена е 12 денари за килограм и дека се должи на моменталната состојба на пазарот и нејзиниот пласман. За земјоделците цената не е задоволителна, особено ако се има во предвид драстичниот скок на производствените трошоци. Како општина, со издавањето и отворањето на откупниот центар од страна на фирмата откупувач ги подобривме условите за организиран откуп, останува на државата и ресорното МЗШВ да се ангажираат на изнаоѓање странски пазари за произведеното овошје и дополнително субвенционирање по килограм предадено овошје – информираше Ногачески на официјалниот фејсбук профил.