Skip to main content

Откупени се околу 30 тони сливи

Ногачески го посети откупниот центар за сливи

Зоран Ногачески беше во посета на откупниот центар за сливи во Требеништа. Во текот на вчерашниот сен откупени се околу 30 тони сливи.
 |  инфодеск  | 
Откупен центар

Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, беше во посета на откупниот центар на фирмата „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ во село Требеништа, каде во моментов се врши откуп на сливи од сортите “чачанска”.

Откупен центар

Сопствениците ме информираа дека моментално само тие вршат откуп во општината и дека само во текот на вчерашниот ден се откупени околу 30 тони. Откупната цена е 12 денари за килограм и дека се должи на моменталната состојба на пазарот и нејзиниот пласман. За земјоделците цената не е задоволителна, особено ако се има во предвид драстичниот скок на производствените трошоци. Како општина, со издавањето и отворањето на откупниот центар од страна на фирмата откупувач ги подобривме условите за организиран откуп, останува на државата и ресорното МЗШВ да се ангажираат на изнаоѓање странски пазари за произведеното овошје и дополнително субвенционирање по килограм предадено овошје – информираше Ногачески на официјалниот фејсбук профил.

Откупен центар