Пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески приреди свечен прием за првачињата, кои од утре, 1-ви септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ „Дебрца“.
Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности – градоначалникот Ногачески.
Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“, сопственост на г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, западна Австралија. По иницијатива на г-динот Зоран Ќосески почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, фондацијата „Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за првачињата во Дебрца. Оваа година за првпат општината за секое прваче ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари, информира градоначалникот Ногачески.