Зоран Ногачески, градоначалникот на Општина Дебрца присуствуваше на презентацијата на успешните меѓународни и домашни практики за ефективно собирање на општинските приходи од сопствени извори. Презентацијата беше во рамки на проектот Strengthening Resource Mobilization Activity – North Macedonia.
Дополнително, беа презентирани предизвиците и препораките за подобрување на општинските приходи од сопствени извори и потребата од подобрување на законската рамка за ова прашање. Општина Дебрца како дел од проектот поддржан од USAID North Macedonia ќе има можност директно да работи со експерти кои ќе помогнат во изнаоѓање на соодветен модел и подобрување на ефективноста во прибирањето на општинските приходи -информираше Ногачески на официјалниот фејсбук профил.
Претставникот на УСАИД во земјата, Џејмс Стајн рече дека како избрани функционери, градоначалниците треба да продолжат со својата силна посветеност и напори да ја намалат нивната зависност од трансферите на централната власт преку мерливо зголемување на собирањето на приходите од сопствените извори и да одговорат на потребите на граѓаните.