Skip to main content

Успешна имплементација на проект

Ногачески се обрати на настан во Грција

Зоран Ногачески, градоначалникот на Општина Дебрца присуствуваше на завршниот настан од проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“.
 |  инфодеск  | 
Ногачески Грција

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, денес во Општина Терми, Грција се обрати на завршниот настан по повод успешната имплементација на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ Conse PP.

Ногачески Грција

Општина Дебрца е дел од овој проект кој се спроведува преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, а за што уште еднаш изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ, која го поддржа овој проект. Исто така упатувам покана до сите засегнати страни да учестуваат и на завршниот настан кој на 11.07.2022 година ќе се одржи во с. Белчишта, во ново-реконструираниот изложбен центар на Белчишкото Блато – напиша Ногачески на официјалниот фејсбук профил.

Ногачески Грција