Skip to main content

Ногачески со честитка за Денот на учителите

Честитка по повод Светскиот ден на учителите 5-ти октомври упати градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.
 |  инфодеск  | 
Учителка

Денешниот ден, 5-ти ктомври, е прогласен за Светски ден на учителите.

Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност, не само кон младата личност, туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација.

Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.

Честитка по повод Светскиот ден на учителите упати градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

Должностите на учителот не се ниту премногу мали, ниту премногу големи, но го воздигнуваат умот и му даваат енергија на ликот. Со оваа мисла од американската новинарка и колумнистка Дороти Дикс би сакал на сите наставници да им го честитам 5-ти октомври – Светскиот ден на учителите – напиша градоначалникот Ногачески на официјалниот фејбук профил.

Ооу Дебрца