
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија веднаш после полноќ во 00:34 часот регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, односно од јужниот дел на Охридското езеро, со магнитуда од 2,4 според Рихтеровата скала.
–Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, стои во известувањето на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје.