Носителот на листа во 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски на средби со охриѓани
Носителот на 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски денес на средби со охриѓани. Тој вети подобар животен стандард за работниците измени во законот за социјална заштита и воведување на минимална пензија во износ од 25 000 денари. Голем број социјални мерки меѓу кои надоместок од 18 000 ден за секое полнолетно работонеспособно лице.
Од коалицијата Храбро за Македонија ветуваат и поддршка за лицата со физичка и ментална попреченост преку згрижување, образование и вработување
„Работниците станаа и сакаат да им се подобри стандардот во животот затоа ние како Храбро за Македонија нудиме 7 евра сатница што е значајно за денешниот ден и тоа работниците треба да го слушнат дека седум евра час бруто а нето околу 644 евра ќе биде минималната плата. Ние денеска тука ќе поделиме по едно пакетче јајца не ради друго туку ради нашиот број три, дека првите јајца кои се вапсуваат се вапсуваат за иконата, едно за куќата а третото за семејството затоа го одбраве и бројот тритака да нека е среќен и вечен Велики четврток “, рече Самка Ибраимоски носител на 5 И. Е. од Храбро за Македонија.
За подобрување на работничките права, за спречување на мобингот на работа, притисокот од извршители и нотари зборуваше активистката , воедно кандидат за пратеник Ана Глигорова.
„Дојдовме во Охрид со нашата петиција Стоп за извршители, Стоп за брзи кредити, која е доста добра до сега имаме 2000 потписи. Секако дека работниците се најзагрозени бидејќи една третина од работничката плата е огромна сум, ретко кој работник тоа може да си го дозволи, и покрај мобингот што го имаат на работа има мобинг од извршители, мобинг од адвокатски здруженија, нотари од правосудниот систем зарем може ова нашиот работник да го издржи “, изјави Ана Глигорова кандидат за пратеник.
Претседателот на ИНТЕГРА и носител во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија, Љупчо Ристовски ја образложи пензиската изборна платформа и најави бројни идеи за подобрување на квалитетот на животот на секој пензионер. Ристовски вети дека ќе се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со конкретни мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус.
Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА, ја сочинуваат партиите Гром, ИНТЕГРА, ПЦЕР а е предводена од ГРОМ.
Новинар Соња Рилковска