Skip to main content

Нов асфалт до Скребатно

Патот до Скребатно комплетно ќе се асфалтира. Градежната фирма Илинден веќе ги отпочна зафатите за асфалтирање и проширување на овој патен правец, во должина од 10 километри, кој води до Црквата Успение на Богородица пресвета, како и до едно од најатрактивните излетнички места на општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
skrebatno
skrebatno

Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. skrebatno patВаквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства.

„Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка преку Министерството за транспорт и врски и овој пат тоа е одлучено патот целосно да се асфалтира“.

Додека машините работат на терен се приклучува и општина Охрид. Петрески вели – „со цел овој патен правец да добие во ширина а со самото тоа и да е побезбеден, и ние даваме свој допринос со финансии.

tate petreski„Ние ги искористивме овие активности, да на наш трошок, значи проектот од свтска банка е само редење асфалт на патот колку што е во моментов широк ние итака машините се тука општина Охрид ќе го финансира проширувањето на патот“.

Според Петрески вкупната финансиска конструкција за средување на патната инфраструктура до Скребатно изнесува 150 000 илјади евра, дел на Светската Банка, дел на општина Охрид. Како што е добро познато Скребатно е локалитет кој во сенките на огромните стари дабови крие едно прекрасно излетничко место во атарот на Црквата Успение на Богородица пресвета. На падините над црквата има манастирска кујна и неколку места за скара, па скоро секој викенд тука се собираат многу излетници.

{loadposition content9}