Нов цефковод на Македонски просветители
Како дел од третата фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители”, поставен е нов цевковод со профил Ф 110 од полиетиленски материјал, во должина од 20 метри.
Реконструкцијата на улицата Македонски Просветители започна кон крајот на ноември минатата година. На сила е забрана за паркирање и запирање на паркинг просторот од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“.
Улицата ќе добие комплетно булеварско решение. Проектот предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни, а планирано е изведување на среден разделен цветен појас.
„Изградбата на Македонски Просветители ќе ја чини локалната самоуправа дополнителни 50 милиони денари кои не биле предвидени во проектот кој оваа локална власт го наследи. При изградбата се води сметка да не биде само шминкање и асфалтирање на улиците туку комплетно инфраструктурно решение вклучително со прилагодување на потребите на инвалидизирани лица“, – посочи Градоначалникот Кирил Пецаков.