Нов циклус на „Час за приказни на англиски јазик“
Стартува пролетниот упис за учење на англиски јазик во ОО на Црвен крст.
Стартува пролетниот упис за учење на англиски јазик во ОО на Црвен крст. Со учење песнички, читање приказни и креативни активности, децата од 4 до 11 години, во присуство на родителите, имаат можност да го изучуваат англискиот јазик со програмата „Час за приказни“. Во тек се уписите за новиот циклус од оваа програма која општинскиот Црвен крст ја реализира од 2009 година. Интересот за упис во „Час за приказни на англиски јазик“ е голем, а се должи на квалитетната програма од досегашните циклуси на изучување, вели волонтерот на Црвен крст, Јованка Сион Доленц.
Покрај волонтерите на Црвениот крст во секој циклус се вклучуваат и волонтери на американскиот мировен корпус. Овој пат во „Час за приказни на англиски јазик“, е вклучена Лурдес Ернандез. Таа се надева дека ќе вклучат и други програми, активности и вештини за да ја направат што поинтересна програмата наменета за децата. Ернандез е задоволна од работата во програмата.
Програмата има за цел децата во зависност од возраста на интерактивен и забавен начин да го учат англискиот јазик, да го надополнуваат и надградуваат. Можат да ја користат богатата детска литература на англиски јазик. Од најмала возраст децата имаат можност да стекнуваат креативни вештини и да ги развиваат емоционалната сигурност, хуманост и солидарност.
Во ОО на Црвен крст уписите за проектот „Час за приказни на англиски јазик“ ќе траат до 1 ви февруари.
{laodposition content9}