Нов хуман гест на АД „Макпетрол“
Во духот на општествено одговорна компанија, тие со нова донација за специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид.
Продолжува општествено одговорното делување на компанијата АД „Макпетрол“ од Скопје. Нивната хуманост денес се покажа со новата донација која ја доделија на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Тие донираа 11 нови лцд телевизори, како и постелнини за што е можно поудобен престој во оваа болница.
„Би сакал да изразам голема благодарност до АД „Макпетрол“ од Скопје, за дадената донација која што е трета по ред во нашата болница, каде што со оваа донација ќе се подобрат условите за престој во детскиот оддел, на најмладите пациенти што се лекуваат кај нас во нашата болница.“-вели директорот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, д-р Митко Тилев.
Од АД „Макпетрол“ велат дека со овој гест само ја потврдуваат својата определба да бидат општествено одговорна компанија.
„Со одлуката на управниот одбор на компанијата е одлучено да се врачат повеќе донации кои секако не се единствени. Макпетрол тоа го прави постојано, а меѓу кои е и оваа денешната што ја врачуваме на болницата „Свети Еразмо“.-рече раководителот на маркетинг во АД „Макпетрол“, Мишко Тасевски.
Директорот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Д-р Митко Тилев покрај бескрајната благодарност, изрази и надеж дека ваквите хумани гестови ќе ги поттикнат и другите донатори да ги следат чекорите на „Макпетрол“ и да донираат. Инаку компанијата АД „Макпетрол“ годинава слави и 65 години од своето постоење.
{loadposition content9}