Skip to main content

Нов ласер на офталмолошко одделение

Осовременување по светски стандарди на офталмолошките одделенија. Општа болница Охрид доби опрема во вредност од 140 илијади евра. Неколку апарати меѓу кои и ласерот за горење на крвните садови на дното на очите кај пациентот, се само дел од колекцијата современи апарати кои веќе се сместени во офталмолошкото одделение во охридската болница.

 |  Николоска Биљана  | 
laser
ласер

 

oftalmologijaМаксимална заштита на видот кај дијабетичарите. Тоа ќе го овозможи новата опрема на Министерството за здравство која е во вредност од 140 илјади евра, а е наменета за офталмолошкото одделение во општа болница Охрид. Деновиве оваа опрема веќе си го најде своето место во специјално за тоа адаптираната просторија на охридското офталмолошко одделение. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, појасни колкава е важноста од поседување на оваа опрема, а посебно го истакна значењето на ласерот, кој ќе биде во функција за превенција на видот кај дијабетичарите, поточно да се заштити окото од слепило.

„Се работи за неколку апарати меѓу кои ќе го истакнам ласерот со кој се врши горење на крвните садови на дното на очите кај пациентот. Тоа го поврзуваме со дијабетот бидејќи ние во посебна програма имаме добра организирана здравствена заштита на оваа категорија пациенти“ -информира Арнаудов.

oftalmologijaОпремата е добредојдена од повеќе аспекти вели Др. Сашо Василески, началник на интерно одделение при општа болница Охрид. Додава дека осовременувањето по светски стандарди на охридското офталмолошко одделение ќе го почуствува целиот регион, бидејќи годинава општата болница прераснува во регионален центар.

„Ова е само уште еден поголем импут да се дополни програмата за заштита на пациентите, и оваа опрема е повеќе од важна, бидејќи знаете дека дијабетесеот не е болест туку состојба, но доколку не се лекува и превенира прераснува во сериозна болест со многу сериозни компликации по животот на самиот пациент“-изјави Василески.

laserДиректорот Арнаудов, најави дека за скоро време новите апарати ќе бидат во функција на нивната намена бидејќи техничкиот аспект бил обезбеден. Додава дека надостасува само едукација на стручниот персонал за користење на апаратите.

„Кадровски имаме три докторки кои се стручни но треба да се обучат да работат на тие апарати. Министерот обезбеди  докторките одат во Белград на едномесечно едуцирање, а понатака еминентни професори од беолрадски клиники ќе доаѓаат во нашата болница месец дена да ги обучуваат со пациентите“-вели Арнаудов.

Осовременувањето на офталмолошките одделенија согласно програмата на Владата, односно на Министерството за здравство доаѓа како резултат на направените анализи дека очините одделенија во земјава се слабо опремени, вклучувајќи го тука и охридското, вели Арнаудов. Според директорот она што е интересно, е дека оваа програма за прв пат ќе профункционира во градов.

{loadposition content9}