Skip to main content

Нов образовен профил од следната година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

СОСУ “Св. Кирил и Методиј” Охрид од следната година воведува нов образовен профил, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг.

 |  Голабовски Крсте  | 

СОСУ “Св. Кирил и Методиј” Охрид од следната година воведува нов образовен профил, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг.

Дијалогот на МОН со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта. Бизнис заедницата и економските училишта покренаа иницијатива – институциите препознаа. На наше задоволство, чест ни е да упатиме огромна благодарност за разбирањето и целокупната поддршка од бизнис заедницата, локалната самоуправа, МОН, Секторската комисија за квалификациите од Секторот Економија, право и трговија и сите релевантни институции – стои на официјалната фејсбук страна на охридското средно училиште.

После повеќе од една година спроведени истражувања и анализи на пазарот на труд веќе е изработен наставниот план за нова квалификација: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг во Секторот Економија, право и трговија, велат од оваа образовна установа.