Нов „паркинг“ во Охрид
Просторот во близина на Охридска банка кој сеуште чека да биде уреден од Локалната, охриѓани го користат како нов паркинг.
Просторот во близина на Охридска банка кој сеуште чека да биде уреден од Локалната, охриѓани го користат како нов паркинг.
После отстранувањето на времените објекти на повеќе локации низ Охрид, остана дел од површините за кои од Локалната објаснија дека ќе бидат просторно уредени. Еден таков пример е просторот во близина на раскрсницата кај „Охридска банка“, на кој некогаш имаше времен објект, кој беше отстранет.
Иако истиот сеуште чека да биде уреден соодветно и како што му прилега на Охрид пред почетокот на туристичката сезона, сепак некои наши сограѓани решиле овој дел иако и не толку безбеден да го користат како паркинг простор.
{loadposition content9}