Нов режим на сообраќај на ул. „7ми Ноември“
Се известуваат сите учесници во сообраќајот, поради изведување на градежни активности, почнувајќи од денес 28.09, дел од улицата „7ми Ноември“ на потег од крстосницата со улицата „Марко Нестороски“ (кај Крст џамија) па се до крстосницата со улицата „Васил Главинов“ (кај хотел „Кам“) ќе биде целосно забранета за сообраќај. Сообраќајот ќе се пренасочи по улицата „Марко Нестороски“ и улицата „Васил Главинов“.
Исто така се извесутваат учесниците во сообраќајот дека товарниот и автобускиот сообраќај на улицата „7ми Ноември“ се пренасочува преку улицат „Питу Гули“ (кај стара бензиска пумпа), додека дел од улица „Егејска“ кој гравитира према улица „7ми Ноември“ ќе биде затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува преку улицата „Охридска Бригада“.
Се молат учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на овој дел од градот и доколку постои можност останатиот дел до улицата „7ми Ноември“ и околните улици помалце да се користат.