Skip to main content

Свр билтен

Нов случај на семејно насилство во Охрид

Приведен 53-годишен охриѓанец кој во семејниот дом физички ја нападнал сопругата и се однесувал агресивно кон полициски службеници.
 |  инфодеск  | 
Насилство врз жена

На 26.01.2023 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Р.(53) од Охрид.

Тој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.